Избягай от скуката и се забавлявай с нас!
KRUSHOO блог

Кога ова би било претстава ... А, ние актери сенки, безимени изустувачи на словата човечки, на мисли антрополошки....раширени низ поимањата за времињата и исткајани низ сверите на свеста, за постоењето на Човекот во ... И кога ова би, или е сцена? Аморфна коегзистенција на едни мудрости и движења на тела, на раце, на крајности недокрајчени од кристалниот глас на певецот што рецитира стихови духовни. И, да! Оваа е сцена низ која виртуелно се витлаат надарени тонови заклучени во телата на актерите што стишено го манифестираат животот во заминување од сцена, во петтиот чин. А каде беа дотогаш? Каде во првиот, вториот...

Каде, кога сенките, не нивни, туку на ветрот им удираа в лице и се топеа на огнот од срцевината, и се лееја низ падините на понорот од страстите, од иглестите рабови на шумските падини во кои обраснала луцидноста на порочната суета. Беа некаде! Жедни да бидат! Ветиле дека ќе бидат! Но, што? И зошто, кога непознати, непризнати, непостоечки води ги мијат прашините од нивните фасцинантни маскирани лица на смешници и трагични монотоности.... А, дијалозите ги параат очните капаци истурајќи водени бранови...А, монолозите умираат недоречени на усните. И, кон каде сега да се насочи тонскиот мајстор кој последен ќе остане на сцена, зашто го потроши своето време во неуспешно штимање на инструментите, без да го слушне чекорот во заминување. Кренал глава кутриот, недоветниот уметник на заборавената сцена и, солзи ли, солзи. А нема кој да му ги исуши горчинити, нема кој да му подаде бело шамивче, да ја отстрани од ликот невин, тагата што се родила пред него... Заминале сите! И, актерите и гледачите кои изнемоштено аплаудираа и повикуваа на бис. Ете ги кај се туркаат низ скалилата, барајќи свеж воздух, испуштајќи го стајаниот од градите. И итаат, и не се вртат. А, зошто би го кршеле вратот? Зар вреди ситниот остаток кој само живеел во надеж? Зар не се напија премногу од зборовите што ветуваа и ветуваа...А не остваруваа соништа и не отвараа врати нови, и не пролетуваа, ни птици, ни насмевки од таму, само груби, црни слова што формираа бели мисли. И толку!

Завесата тапо ги покри остатоците на едно постоење. Зашто навистина, оваа игра не беше ништо повеќе од претстава...Едночинка со адреналински, имагинарни, пет чина!

BE GOOD … YOU KNOW…?!



 
интересен
позитивен рейтинг: 1  |  негативен рейтинг: 0

Напиши коментар:

 

ТУНИНГ Портал | AnimeS-bg.com
Форум Силистра | Flash4e.com | Гледай СЕИР!
Елате в .: BGtop.net :. Топ класацията на българските сайтове и гласувайте за този сайт!!!