Избягай от скуката и се забавлявай с нас!
KRUSHOO блог

Прости ама јас не ги заборавам

Септемвриските таги и октомвриските дождови

Далечните патишта и изгубените траги

Дните на чекање, ноќите со надежи

И средбите...

Не заборвај, јас ги простувам

Сите заборавени моменти

Приказната случена после онаа тишина

Која што вредеше

Повеќе од нашите животи заедно

Памти, вредеше.

Макар тоа да беше само измислено

Во море од јасни и неразјаснети

Факти од кои не се откажавме

Во тоа време.

Вреди да се памти.

Барем ден подолго да се носи таа тајна

И да се оправдаат моментите од ненадејни

И неискрени занеси

Кога времето веќе не значеше многу

Сети се, сакавме.

Макар на тој октомври

Макар за миг

Макар само толку

Никој да не успее тоа да го препознае

Сакај, а ќе има сеќавања...

Ќе преживее можеби и некое од овие нашите

Во маѓепсаните кругови на денешницата

На кои што некогаш им се противевме

Мило мое.

Знаеш дека е така.




 
интересен
позитивен рейтинг: 1  |  негативен рейтинг: 0

Напиши коментар:

 

Форум Силистра | Гледай СЕИР!
Елате в .: BGtop.net :. Топ класацията на българските сайтове и гласувайте за този сайт!!!